2017 година ја чекаме со уште поголема неизвесност кога се во прашање процесорите. Intel треба да ја лансираат својата нова 7ма генерација на процесори која треба да донесе подобрување во поглед на перформанси, температураска изолација и ефикасност.

Дознавме дека Intel за прв пат ќе лансираат отклучен, односно k модел на i3 процесор – i3-7350k кој припаѓа во нивната пониска средна класа на процесори со две физички и четри логички јадра. Предноста кај k моделите отсекогаш била можноста за лесен и пријателски overclock на процесорот каде добивате повеќе преформанси од стандардните верзии, но затоа се со повисока цена.

i3-7350k според тестот би требало да има стандардна тактова брзина од 4.0Ghz и турбо брзина од 4.2GHz што ќе може лесно да се покачи поради отклучениот множител на процесорот. L3 кеш меморијата треба да e 4MB, а 91w да е максимумуот на жештина која може да ја поддржи.

Пред некое време “протекоа” Geekbench benchmark резултати од i3-7350k кои се навистина изненадувачки со оглед на тоа дека бројките се повисоки од некои i5 процесори (6400 сегашниот модел и 4670k). Во benchmark тестот се тестира моќноста на процесорот при работа со едно јадро и мултијадрена работа.

Intel треба да ја лансира новата серија процесори во првиот квартал на 2017 година, а се претпоставува дека i3-7350k ќе биде околу 175 долари со што би дошол до некое ниво на цена со најосновните модели на i5 серијата од Intel.

Извори: MobiPicker, KitGuru, Ocaholic

Претходна статијаGalaxy S8 нема да има рамка околу дисплејот?
Следна статијаDell доделува – наградната игра на ИТД Дистрибуција