Повеќето поголеми ИТ компании имаат програми или делови, како да ги наречеме, кои им овозможуваат на вработените да работат на нивни проекти, како еден вид на хоби и развој на нивната способност и знаење. Од ваквите делови во компаниите можевме да видиме доста интересни апликации изминатите години.

New Product Experimentation тимот во Facebook претстави нова апликација која е наменета за комуникација помеѓу парови. Истата е наречена Tuned и е претставена само за iOS, а нема информација дали ќе биде пуштена на Android, а тоа изгледа ќе зависи од тоа колку ќе се покаже како популарна.

Оваа апликација во основа им овозможува на корисниците да комуницираат на малку поразличен начин од тој на кој сме научени, листа со пораки. Со Tunes корисниците комуницираат, покрај преку пораки и слики, со гласовни пораки, картички, белешки, стикери, а сето ова организирано во форма на бележник. Корисниците исто така можат и да споделуваат листи со музика од Spotify и слично.

Како и со повеќето експериментални апликации, така и со Tuned, не е познато колку ќе им биде интересна на корисниците. Ние лично сметаме дека оваа апликација нема да прерасне во нешто популарна апликација за да се оправда редовен развој.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаCOVID-19 ги менува и дигиталните навики на луѓето
Следна статијаПолитика за спречување на корупцијата кај јавните претпријатија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.