Една од најпопуларните игри, која што сигурно нема некој кој што нема слушнато за неа, Super Mario Bros., вчера наполни 30 години. Тоа значи дека играта за првпат била претставена на 13-ти септември 1985 година, по што влегува во историјата.
Super Mario Bros. е всушност продолжение на две игри претходници во кои што е претставен познатиот карактер. Игрите се Donkey Kong претставена во 1981 година, а Mario во таа игра го носел името Jumpman. Името Mario за првпат е претставено во 1982 година, додека во 1983 година излегува првата Mario Bros. во која што е претставен и вториот познат карактер Luigi. Mario и Luigi се претставени како двајца италијански водоинсталатери кои што се спротивставуваат на разни суштества.
Инаку Super Mario Bros. ги поставува основите за овој вид на игри кои што вклучуваат напредок во играта по нивоа. Инаку, за потсетување Super Mario е игра која што го прикажува главниот лик од страна кој што се движи на десната страна. Играта се контролира со насочување на карактерот да прескокнува преку пречките, како и суштествата кои што се појавуаат по патот.
Super Mario е дизајнирана од Shigeru Miyamoto, јапонски дизајнер на видео игри. Започнал да работи во Nintendo во далечната 1977 година.