Samsung реши да ја тестира камерата на новиот Galaxy S24 Ultra на начин кој досега никој го нема употребено. Од компанијата четири од овие уреди ги испратија скоро до орбитата на Земјата и направија повеќе од 150 слики.

Закачени на специјално дизајнирани и лесни држачи направени од јаглеродни влакна, па потоа на балони наполнети со водород, Samsung ги испрати четирите Galaxy S24 Ultra до висина од околу 35 километри. Ова секако не може да се нарече дека телефоните стигнале до вселената, но е повеќе од висината на која летаат комерцијалните авиони.

На оваа висина може да се види и заоблувањето на Земјата, но сигурно ни ова нема да се смета како доказ за групата на луѓе кои веруваат дека сме излажани дека Земјата е „топка“.

Направени се повеќе од 150 слики од различни позиции и агли, а сето тоа е направено над Лас Вегас, Лос Анџелес, Grand Canyon и Sierra Nevada планините.

Samsung за овој „потфат“ соработува со X, поранешен Twitter, па корисниците кои сакаат да ги видат сликите ќе треба да ја „лајкнат“ објавата од профилот @SamsungMobileUS.

Веднаш по ова се добива известување и една случајно избрана слика од направените повеќе од 150. Корисниците можат да ја лајкнат и објавата која ќе се појави каде тие се „означени“, па повторно ќе добијат нова слика.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2PetaPixel
Претходна статијаApple ја пушти iOS 17.4 надградбата која ги донесува промените наметнати од ЕУ
Следна статијаФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 6” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.