win-xp

Windows XP е оперативен систем стар дури 14 години, а веќе година и половина не добива никакви надградби, вклучувајќи ги и безбедносните. Ова се’ уште не ги предомислува голем број на корисници да продолжат да го користат овој систем кој што постепено станува и ризик за користење.

Според статистичките податоци објавени од страна на Bitdefender, еден од најпознатите анти-вирусни програми на пазарот, во неколку источно-европски земји бројот на корисници кои што го користат Windows XP останува висок.

Поточно, според бројките еден од три компјутери во компаниите и јавниот сектор работи на Windows XP. Највисок процент имаат корисниците во Украина каде што процентот кој што го има овој оперативен систем е 41,2%.

Второто и третото место го држат Унгарија и Романија каде што процентот на компании и јавни претпријатија кои се’ уште го користат Windows XP изнесува 37,5%, односно 34%.

Други земји за кои што се објавени податоци ги вклучуваат Полска со 24,05%, Молдавија со 18,7%, Словачка со 10,61% и Бугарија со 6%.

Според информациите до кои што имаат дојдено од Bitdefender, главната причина за не правењето на надградба на некоја понова верзија од Windows се апликациите кои што не се исто така ажурирани и не се компатибилни со другите верзии и оперативни системи.

Често компаниите, а посебно малите и средните, ги немаат потребните финансиски и човечки ресурси за правење на надградба на нивните системи, па се одлучуваат да го одложат тој процес што подоцна можат. На крајот, појавата на проблеми е нешто што сепак ќе ги натера и последните корисници да се префрлат на некоја понова верзија.

Сепак, покрај оваа причина, доста корисници не се заинтересирани за надградба поради тоа што се задоволни од тој оперативен систем и сметаат дека новите верзии не се ништо подобри. Ова е посебно истакнато кај обичните корисници, но се разбира и кај компаниите.

Извор: ZDNet

Претходна статијаSuper Mario наполни 30 години
Следна статијаApple на пат да го помине минатогодишниот рекорд за пред нарачки на iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.