Денеска е последниот ден кога корисниците на Windows XP, 12 години стариот и популарен оперативен систем од Microsoft, ќе може да добијат сигурносна или друга надградба. Почнувајќи од денес, Microsoft нема да следи, истражува било какви проблеми поврзани со оперативниот систем и нема да нуди техничка поддршка за него. Тоа значи дека оперативниот систем ќе биде изложен на сигурносни ризици, посебно после одреден период, па корисниците кои што сеуште го користат ќе имаат голем ризик да ги изгубат податоците и слично. Ова е посебно важно затоа што поголемиот број на упорните и верни корисници на овој оперативен систем се компании и владини служби, па штетата од потенцијални ризици е многу поголема отколку кај домашните корисници.
Сепак поддршката како што пишавме вчера не завршува за сите, па така британската и холандската влада ќе платат повеќе милиони долари за продолжување на рокот за една година. Останатите корисници, а посебно домашните, најдобро би било да се префрлат на некоја од поновите верзии од Windows или на некоја од големиот број на Linux дистрибуции.
Дали има некој од вас кој што сеуште работи на Windows XP и што планирате да направите од денес, па натаму ?