win-xp

Најавено уште пред повеќе години, а потврдено минатата година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за нивниот можеби најпопуларен оперативен систем Windows XP. Иако стар повеќе од 10 години, овој систем е сеуште користен од голем број на корисници низ светот, во главно компании и владини служби. Дополнителен проблем во мотивирањето на корисниците да преминат на понов оперативен систем е ниската популарност на Windows 8, најмногу поради тргањето на Start менито, што е збунувачки за голем број на корисници, покрај другите причини. Завршување на поддршката значи дека корисниците кој ќе продолжат да го користат оперативниот систем нема да добиваат сигурносни надградби, што после одреден период тоа може да биде потенцијален проблем. Покрај за Windows XP, утре ќе заврши поддршката и за Office 2003.

Меѓутоа поддршката сепак нема да заврши за сите корисници. Истата ќе биде продолжена за британската влада за една година, за што тие имаат платено повеќе од 9 милиони долари на Microsoft. Според информациите сличен договор има направено за своите 40.000 компјутери и холандската влада, за што има исто така платено повеќе милиони евра.

Кој оперативен систем ќе го изберат владите на овие земји кога конечно ќе почнат со надградба на системите не е познато, a популарноста на разните Linux дистрибуции расте со крајот на Windows XP.

Извор: The Guardian

Претходна статијаVirus Shield, број 1 платената апликација во Play Store е измама
Следна статијаProject Hera од Google, нов начин на работа на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.