start_update_51167EBF

Како што беше и најавено на претставувањето на Build 2014, од денеска е достапна надградбата на Windows 8.1 Update. Истата е достапна преку Windows Update функцијата на оперативниот систем или преку продавницата за апликации за корисниците на нешто постарата Windows 8 верзија, која што според најновите информации оперативниот систем директно ќе го надгради на 8.1 Update верзијата, наместо како што беше најавено прво на 8.1, па потоа корисниците да ја започнат најновата надградба. Windows 8.1 Update станува достапна денес, а ќе биде овозможена за корисниците постепено во наредните недели. Доколку сакате да ги добивате натамошните закрпи, потребно ќе биде да ја имате инсталирано оваа верзија.

За да ја инсталирате најновата верзија отворете го контролниот панел (Control Panel) или преку десната лента Charms Bar, притиснете на Settings, потоа на Change PC Settings. Кој панел и да го отворите, отидете на Windows Update, односно Updates and Recovery делот и проверете дали надградбата е достапна. Надградбата ја носи ознаката KB2919355, а за неа да може да ја инсталирате треба да ги имате инсталирано претходните достапни надградби, а конкретно KB2919442 и KB2932046.

right-click-update_thumb_385919A4

Кога првпат ќе го вклучите вашиот компјутер кој што сега работи на Windows 8.1 Update, нема да забележите некоја посебна разлика веднаш, посебно ако веќе имате наместено тој да се вклучува директно во десктоп околината. Кога ќе отидете во Start екранот ќе го забележите присуството на најавените копчиња за гаснење на компјутерот и за пребарување. Исто така доколку пробате да кликнете на некоја од плочките со десното копче ќе го забележите новото мени кое што се појавува наместо долната лента, наменета за корисниците на екрани на допир.

taskbar_update_thumb_3E88C10E

Промената која што ни остави најголем впечаток е појавувањето на модерните апликации на taskbar-от, исто како и другите „обични“ апликации кои што ги користите. Тие исто така можете и да ги закачите на него, па многу побрзо да пристапувате до нив без потреба од одење во модерната околина. Исто така taskbar-от се појавува секогаш кога ќе отидете со маусот на долниот дел од екранот, па доколку користите модерни и обични апликации, нивното менување ќе го правите многу побрзо, без потреба од носење на маусот по ќошевите од екранот. Прикажувањето на модерните апликации на taskbar-от можете да го исклучите со отчекирање на Show Windows Store apps on the taskbar во менито до кое што се пристапува со десен клик на него, па на Properties. Ова не ја исклучува можноста за закачување на модерните апликации на taskbar-от. Исто така минимизирањето на модерните апликации и нивното гаснење отсега ќе можете да го правите преку новата лента која се појавува со носење на маусот на горната страна од екранот. Модерните апликации може да бидат прегледани со поминување на маусот преку нивната икона на taskbar-от, исто како и обичните апликации.

mouse_controls_update_thumb_7B355E1E

Кога ќе инсталирате нова апликација преку продавницата за апликации, на Start екранот сега ќе имате известување кое ви кажува дека имате нови апликации, како и нивната бројка. Ознаката New во нивната листа останува како и досега.

Дали некој од вас веќе ја користи оваа верзија и кои се вашите оценки и мислења ?

Претходна статијаПоддршката за Windows XP официјално завршува денес
Следна статијаFantastical 2, одлична календар апликација за вашиот iOS уред
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.