iPhone-6-S (6)

После првиот викенд од претставувањето на новите iPhone 6s и 6s Plus, односно по почетокот на пред нарачките, Apple излезе во јавноста со информација дека досегашните нарачки се на пат да ги надминат и минатогодишните кои што беа рекордни за нив.

Според информациите, нарачките треба да ја надминат бројката од 10 милиони нарачки во целиот свет. Сепак, споредбата не е толку едноставно да се направи, со оглед на тоа што од компанијата не излегуваат со точни бројки, туку само со најави. Исто така, минатата година излегоа со бројка за првите 24 часа, додека оваа година со бројка за првиот викенд.

Исто така, оваа година нарачките се пуштени и во Кина, каде што веќе има информации дека се надминати сите очекувања.

Новите iPhone модели доаѓаат со ист дизајн од минатата година, што на прв поглед не делува дека ќе мотивира многу корисници да го променат нивниот телефон. Меѓутоа, овие модели доаѓаат со интересната 3D Touch технологија која што можеби ќе го промени начинот на интеракција со екраните на допир, а тука се и подобрите процесори, а уште поважно и подобрата камера со првпат повеќе мегапиксели.

Извор: The Verge, Cnbc

Претходна статијаBitdefender: Windows XP се користи во третина од компјутерите во некои источно-европски земји
Следна статијаSteadXP е надворешен стабилизатор за снимање видео!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.