steadxp

Многу камери, фотоапарати и телефони денес имаат некаков тип на стабилизација на сликата. Сепак, повеќето од нив се потпираат само на софтверската стабилизација, која не работи толку добро како оптичката, а има и некои без никаква стабилизација. Затоа, тука е новиот Kickstarter проект Stead XP, кој ќе го стабилизира видеото независно со која камера го снимате.

Решението не е толку едноставно. Имено, има посебен уред кој треба да го вградите на апаратот со кој ќе снимате видео. Кај DSLR-ите овој може лесно да се вгради на папучата за блицот, а исто така достапен е и како верзија на GoPro камерите (од Hero 2 нагоре). Планирано е да биде понуден и како изведба за паметните телефони, кои се непопуларни по аматерските снимки со тресење на сликата.

SteadXP има многу интересен пристап кон стабилизацијата – ги снима движењата на камерата, благодарение на жироскопот и сензорот за забрзување кои се вградени во внатрешноста. Уредот снима во реално време, што значи дека го регистрира секое движење што вие го правите со камерата.

Потоа, кога ќе се префрлат резултатите на компјутер, софтверот веќе има податоци за тоа какви биле микро движењата на камерата, во корелација со видеото и лесно го отстранува тресењето. Ова многу професионалци веќе го прават во најразлични софтвери за преработка, како Adobe Premiere, но ова решение е многу поелегантно, бидејќи не бара големо познавање.

SteadXP е се уште во Kickstarter фазата, што значи дека не можеме да бидеме сигурни дека ќе пристигне на пазарот. И има една слабост што ја немаат другите типови на стабилизација, како оптичката – не работи со фотографии. Како и да е, интересна иновација која вреди да се поддржи.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаApple на пат да го помине минатогодишниот рекорд за пред нарачки на iPhone
Следна статијаXerox PARC е нов само – уништувачки чип, со кој никој нема да може да ви ги украде податоците!