Фото: Shutterstock.com

Valve од почетокот на годината, поточно од вчерашниот ден, официјално ја заврши поддршката за постарите оперативни системи Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1. Со тоа нивната Steam апликација за игри веќе нема да добива нови верзии на овие системи, а со тек на време корисниците нема да можат ни да ги играат игрите.

Причината за ова е позната, се работи за постари верзии од Windows кои веќе не се поддржани, а поддршката е тргната и од страна на Google за нивниот Chrome, кој се користи за функционирањето на дел од Steam апликацијата.

Според информациите, мал е бројот на корисници кои ќе бидат засегнати од ова, а овие верзии на Windows имаат многу мал удел во бројот на корисници на Steam, под 1%. Најблиску до овој процент е Windows 7 64-bit, со 0,68%.

Steam ќе продолжи да функционира официјално на Windows 10 и Windows 11, а моментално најголемиот број на корисници доаѓаат очекувано од Windows 10, но ова се очекува да се промени, најверојатно во текот на оваа година.

Во февруари поддршката од Valve ќе ја изгубат и корисниците на macOS 10.13 и 10.14, но процентите на засегнати корисници на овој систем се уште „поневажни“.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаMicrosoft Copilot стана достапен и на iOS
Следна статијаДали Apple ќе успее да го направи Mac добра „гејминг“ алтернатива на „PC“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.