Фото: Apple

Mac никогаш не успеа да стане познат по изборот на игри, иако од компанијата се обидуваа да го направат тоа. Windows компјутерите отидоа во правецот на погодни за гејмерите, а има и причина зошто е тоа така.

Кратко кажано, Mac дури и по префрлувањето на Intel чипови никогаш не доби сериозна поддршка за графички картички, па целната публика на овие компјутери останаа професионалците.

Ова очекувано направи да гејминг студијата не ни планираат развој на игрите за Mac, па сите свои ресурси ги насочија кон PC кои доаѓаа со се посилни процесори и графички картички.

Тоа што конечно може да направи разлика е претставувањето на М чиповите од страна на Apple. Овие чипови овозможуваат доста посериозни перформанси, а посебно во делот на графиката. Исто така, најновата генерација од чипот, М3, доаѓа со дополнителни подобрувања како што се dynamic caching, ray tracing, mesh shading, а тука се и неколку софтверски новини кај macOS Sonoma.

Изборот на игри не е нешто посебно подобрен, а има и познати игри кои минатата година ја изгубија поддршката за Mac, но Apple дефинитивно се обидуваат ова да го променат. Тие конечно ја поставуваат потребната основа, па останува на студијата да се решат да ги прават игрите и за оваа платформа.

Тоа што останува да видиме е дали е доцна, односно дали компаниите ќе сметаат дека не вреди да трошат ресурси за платформа која иако има огромен број на корисници, не се гледа како гејминг платформа.

Една работа која треба да ги мотивира студијата се алатките кои Apple ги претстави минатата година, како што е Game Porting Tool. Постојните игри за PC можат лесно да се тестираат и пренасочат кон Mac, без потреба од целосно нивно развивање за оваа платформа.

Тоа што дополнително може да помогне во мотивацијата на студијата е што развојот на игри за една Apple платформа, овозможува нивно лесно донесување на другите. Со други зборови, користењето на иста архитектура кај чиповите, една игра може да биде донесена лесно кај Mac, iPhone и iPad. Apple има премногу корисници за да со добра мотивација, студијата не се обидат да ги донесат своите игри кај нив.

Одличен осврт на плановите на Apple изминатите години прави Inverse во нивната статија „Inside Apple’s massive push to transform the Mac into a gaming paradise“. Статијата, во која се интервјуирани неколку директори во компанијата, можете да ја прочитате тука.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Inverse
Претходна статијаSteam веќе не е поддржан на Windows 7, 8 и 8.1
Следна статијаX повторно го прикажува насловот од споделените линкови, сега врз самата слика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.