Фото: Shutterstock.com

До крајот на годината Sony треба да претстави нова верзија од нивната играчка конзола и истата ќе го носи името PlayStation 5 Pro. Иако името асоцира на нешто помала надградба, наместо целосно нова конзола, тоа што ги имаме како информација за карактеристиките покажува дека се работи за доста сериозна нова верзија.

Детали околу PlayStation 5 Pro излегоа пред три дена преку YouTube каналот „Moor’s Law is Dead“, а од порталот „Insider Gaming“ сега тврдат дека ги имаат потврдено информациите од нивни извори.

Според информациите, PlayStation 5 Pro е неофицијално наречен „Trinity“ и ќе донесе подобрување кај скоро сите карактеристики. Корисниците може да очекуваат 45% побрзо „рендерирање“, а посебно внимание привлекува тврдењето за 2 до 4 пати подобрување кај „ray tracing“.

Дополнително, се најавува и ново решение за „upscaling/antialiasing“, а истото е наречено PSSR – PlayStation Spectral Super Resolution Upscaling.

Видеото каде се најавуваат карактеристиките на PlayStation 5 Pro можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаGoogle Chrome доби подобрена заштита за потенцијално опасните веб страни
Следна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 8s Gen 3 чипот за нешто „послабите“ смартфони од високата класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.