При крајот на минатиот месец Valve ја пушти Counter-Strike 2 за сите корисници, бесплатна надградба од скоро 30 GB. Истата може да се инсталира како и сите досегашни надградби, преку Steam десктоп апликацијата, а истото важи и за корисниците на macOS.

Сепак, уште од почетокот корисниците на macOS кои ја инсталираа надградбата не можеа веќе да ја играат играта. Имаше информации за тоа како може да се реши проблемот кој се јавува, како и тоа дека некои успеале да го решат, но сепак ништо од тоа.

Valve официјално информира дека играта веќе нема да биде поддржана на macOS, што значи дека нема да може да се игра, односно проблемот кој се јавува е резултат на тоа.

„Како што напредува технологијата, ја донесовме тешката одлука да ја прекинеме поддршката за постар хардвер, вклучувајќи ги DirectX 9 и 32-битните оперативни системи. Слично на тоа, повеќе нема да го поддржуваме macOS. Во комбинација, тие претставуваат помалку од еден процент од активните играчи на CS:GO. Одејќи напред, Counter-Strike 2 ексклузивно ќе поддржува 64-битни Windows и Linux.“ – истакнаа од Valve.

Се верува дека иако процентот делува навистина мал, сепак бројот на играчи не е толку мал за да од компанијата целосно се откажат од развојот на играта само поради тоа. CS е направена на основа на Vulkan, а Apple продолжува да дава поддршка само за нивната Metal технологија.

За Valve станува јасно дека станува потешко да ја развива играта кога мора тоа да го прави во две различни технологии, па засега корисниците на Mac не треба да очекуваат можност да ја играат играта.

Интересно е што ова доаѓа во година кога Apple наводно сака да даде многу поголемо значење на „гејмингот“ на macOS, па во најновата верзија од системот дури воведе „гејминг“ режим, а претстави и нова алатка за лесно префрлување и играње на игрите од Windows.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаМакедонски Телеком ја воведува првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments
Следна статијаКупи еден, усреќи двајца – со купување на уред од серијата Samsung Galaxy S23, новата Galaxy Z серија или Watch6, добивате одличен подарок
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.