Фото: Qualcomm

Qualcomm денеска го претстави Snapdragon 8s Gen 3 чипот. Од компанијата првпат го користат ова име кај нивните чипови, па за корисниците не е веднаш јасно што може да очекуваат.

Snapdragon 8s Gen 3 е чип кој е нешто послаб од најдобриот од компанијата во моментот. Тоа значи дека тој е наменет за нешто „послабите“ смартфони од највисоката класа или за тие од средно високата.

Поради тоа, чипот доаѓа со нешто послаби карактеристики од Snapdragon 8 Gen 3, но се работи за не толку голема разлика, па корисниците можат да очекуваат доста добри перформанси од уредите кои ќе имаат нешто пониски цени.

Од Qualcomm најавуваат уреди со овој нов чип во месеците што следат, а ги истакнуваат компаниите како Honor, iQOO, Realme, Redmi и Xiaomi како првите кои ќе претстават телефони со Snapdragon 8s Gen 3.

Како пример за намалените карактеристики во споредба со главниот чип е фреквенцијата на која работи графичкиот процесор, па наместо на 3,4, тој работи на 3 GHz, а има и едно јадро помалку. Snapdragon 8s Gen 3 исто така доаѓа со ланскиот модел на модем, X70 5G.

Посебно внимание се посветува на вештачката интелигенција, па иако чипот е нешто послаб од главниот, тој сепак ќе овозможи работа на повеќето јазични модели.

ИЗВОРQualcomm
Претходна статијаГолема надградба на Sony PlayStation 5 се очекува до крајот на годината
Следна статијаНа 26 март се одржува Universal Acceptance денот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.