Фото: Shutterstock.com

Microsoft го најави купувањето на познатото „гејминг“ студио Activision Blizzard пред скоро две години, односно во јануари 2022. Од тогаш започнува тежок процес на убедување на регулаторните тела дека купувањето на компанијата нема да ја наруши конкуренцијата на пазарот, нешто што беше очекувано.

Процесот траеше доволно долго да рокот кој го имаат договорено двете компании мораше да биде продолжен, инаку Microsoft ќе мораше да плати „неколку милијарди“ како „пенали“.

Последната пречка за извршување на договорот, британската CMA, е тргната, па Microsoft конечно може да продолжи со официјално негово извршување.

CMA објавија дека даваат дозвола за извршување на договорот после повеќе месечно противење, во главно поради можното влијание на пазарот на „cloud гејминг“.

За да ја добијат оваа дозвола од CMA, Microsoft и Activision Blizzard ги променија условите од договорот во август оваа година да правата за игрите за „cloud“ сервисите ги добие Ubisoft во наредните 15 години.

„Во август оваа година Microsoft направи отстапка според која Ubisoft, наместо Microsoft, ќе ги купи правата за „cloud“ игри на Activision. Овој нов договор ќе ги стави правата за стриминг од облакот (надвор од ЕЕА) за целата содржина на PC и конзоли на Activision произведена во следните 15 години во рацете на силен и независен конкурент со амбициозни планови да понуди нови начини за пристап до таа содржина. Како резултат на оваа отстапка, CMA се согласи да го разгледа договорот одново и започна нова истрага во август. Таа истрага заврши денеска со расчистување на оваа потесна трансакција од страна на CMA.“ – истакнаа од CMA.

Ова сепак не значи целосен крај за можните проблеми на Microsoft, па до крајот на годината треба да се видат судските одлуки на жалбите кои ги поднесе американската FTC, кои веќе еднаш изгубија на суд.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаКупи еден, усреќи двајца – со купување на уред од серијата Samsung Galaxy S23, новата Galaxy Z серија или Watch6, добивате одличен подарок
Следна статијаSnapdragon X серијата од Qualcomm ќе донесе вистинска конкуренција за M чиповите од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.