Google Chrome на десктоп и на iOS, а подоцна во месецот и на Android, добива доста подобрена заштита од потенцијално опасните веб страни, односно „фишинг“ страните кои може да содржат малициозен софтвер и слично.

Од компанијата ова го постигнуваат со воведување на проверка на страните во вистинско време и кога корисникот ја користи Safe Browsing функција во стандарден режим, односно не го вклучува напредниот режим.

Досега стандардниот режим правеше проверка на страните врз основа на листа на страни која се ажурира на самиот уред на секои 30 до 60 минути. Од Google истакнуваат дека ова не е доволно брзо поради фактот што просечните малициозни страни постојат само 10 минути.

Проверката во вистинско време ќе се прави врз основа на листа на серверите од Google која многу почесто се ажурира. Ова треба да ја зголеми заштитата на корисниците за 25%, но го отвора и прашањето на приватноста.

Од Google истакнуваат дека оваа новина тие ја воведуваат со мислење за приватноста на корисниците, па тие нема да ги добиваат веб страните кои корисниците ги отвораат.

Проверката ќе се прави со помош на шифрирање и испраќање на дел од страната преку сервис за заштита на приватноста, па нема да има директна комуникација на Safe Browsing функцијата и Google серверите.

Корисниците секогаш можат целосно да ја исклучат оваа функција во Chrome, но тоа сепак не се препорачува. Исто така, корисниците можат да го користат напредниот режим кој вклучува проверка на страните со помош на вештачката интелигенција, подетално скенирање на датотеките и слично.

Од компанијата најавија и подобрувања кај Password Checkup функцијата на Chrome на iOS. Покрај досегашните известувања за „пробиени“ лозинки, оваа функција ќе почне да ги известува корисниците на iPhone и за слаби и искористени лозинки.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаКако до фриленсинг во областа на финансиите? – Ново издание на „Од почетник до успешен фриленсер“
Следна статијаГолема надградба на Sony PlayStation 5 се очекува до крајот на годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.