Shutterstock.com

По ставањето на ознака на објавите поврзани со COVID-19, сега Twitter ќе почне да ги означува и тие кои оваа болест ја поврзуваат со 5G технологијата. Ознаките ќе бидат поставени на објавите кои тврдат дека 5G е штетна за луѓето и дека го овозможува ширењето на COVID-19, а ќе водат до посебна страна од Twitter на која ќе бидат собрани повеќе статии и „твитови“ кои докажуваат дека тоа не е точно.

Теории на заговор имало отсекогаш, а тоа доаѓа до израз многу полесно во време на интернет и друштвени мрежи. Повеќе теми се предмет на „итрите откривачи на заговори“, а посебно интересна им е темата за безжичните технологии.

Посебно внимание доби 5G технологијата, како најнова и која ќе користи нешто поразлична фреквенција, сепак во рамките на безбедна, но ако една работа не им е потребна на теоретичарите на заговор, тоа е доказ, а тие своите верувања ги базираат само на тврдења од одредени групи.

5G технологијата дополнително доби на критики со појавата и ширењето на COVID-19 болеста, тврдејќи дека таа го ослабнува имунитетот на луѓето до тој степен што се овозможува ширењето на оваа болест. Работите отидоа до таму што во Британија беа запалени повеќе десетици базни станици.

Страната до која води ознаката на Twitter е следна и на неа може да се прочитаат доста добри статии кои не се само тврдења, туку имаат и научни објаснувања и докази за тоа што го имаат како заклучок.   

Насловот на страната е „Не, 5G не го предизвикува коронавирусот“ и мислам дека треба да им се даде шанса на овие статии, не само на „шокантните“ откритија на другата страна.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Business Insider
Претходна статијаФилмови со пеперутки во стомакот на Pickbox NOW
Следна статијаMicrosoft ќе ги користи TomTom за нивните Bing Maps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.