После долги години на соработка со HERE Maps кои беа во сопственост на Nokia, а сега на групација на германски производители на автомобили, Microsoft ги менува како основата за нивните Bing Maps.

Оваа промена доаѓа по договорот за соработка помеѓу Microsoft и исто така познатите TomTom, од февруари 2019. Со договорот од TomTom ќе го користат Azure сервисот од Microsoft, а Microsoft ќе ги користи мапите на TomTom.

Сепак, HERE ќе останат како извор за мапите на Microsoft, барем уште одреден период, односно Bing користи повеќе извори зависно од локацијата. TomTom како извор нема да се користи во Кина, Јапонија и Јужна Кореа.

Оваа промена од март годинава почна да се имплементира и ако отидете на Bing Maps преку веб ќе видите дека сега пишува TomTom, наместо HERE. Во Maps апликацијата на Widows 10 промената уште не е направена, но истата ќе се случи во периодот што следи.

Корисниците во главно и нема нешто посебно да ја забележат оваа промена, а најмногу и поради тоа што Microsoft нема апликација за мапи надвор од Windows 10, а најмногу користени се Google Maps и уште неколку други.

Промената можеби повеќе ќе има значи на бизнисите кои ги ставаат своите информации на Bing Maps, како и тие кои ги користат API алатките за поврзување со мапите на нивните сервиси.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаTwitter почна да става ознаки на објавите за 5G и поврзаноста на оваа технологија со коронавирусот
Следна статијаНема воведување на нов полициски час, ќе се прави поголема контрола за почитување на мерките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.