Фото од Tumisu преку Pixabay

Иако се очекуваше дека од денес ќе има помал полициски час кој ќе почнува од 22 часот навечер и ќе завршува во 5 часот наутро, според препораката на Комисијата за заразни болести, сепак владата на денешната седница одлучи да не се воведе повторно полициски час.

Тоа значи дека на територијата на целата држава граѓаните можат слободно да се движат без ограничувања, но остануваат мерките за заштита кои забрануваат групирање на групи на луѓе без доволна дистанца помеѓу нив.

Исто така, останува да важи правилото за носење на маска на лицето, кога не може да се одржува доволна дистанца, а во затворени простори, како што се супер маркетите, истите се задолжителни цело време.

Тоа што го одлучи владата на денешната седница е да се прават засилени контроли за почитувањето на мерките кои се на сила, нешто што е логично за оваа фаза на епидемијата, но и веќе поголемиот број на информации за веќе не толку новиот вирус.

Целото соопштение од владата можете да го прочитате во продолжение.

Владата ги задолжи МВР и инспекторатите да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус

Владата на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 заклучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.

Согласно овој заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки ќе биде повторно разгледан во Комисијата за заразни болести.

Во оваа насока, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.

Во врска со оваа точка, Владата заклучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата СтопКорона заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот. Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.

ИЗВОРВлада на РСМ
Претходна статијаMicrosoft ќе ги користи TomTom за нивните Bing Maps
Следна статијаStarship станува главниот приоритет на SpaceX
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.