Можеби во 2025 Google Earth веќе не е толку популарна апликација, а голем дел од функциите ги има и во Maps, сепак кога првпат беше претставена беше една од поинтересните. 

Можноста да се разгледува секој дел од Земјата преку сателитски слики во 2005 година, кога беше претставен сервисот, беше нешто дотогаш незамисливо. 

Во денешно време Earth повеќе се користи за конкретна намена, односно развој на одредени области и планирање, прикажување на тури од одредени локации и слично, а корисниците во главно ја користат Google Maps. 

Google за годишнината на Earth објави посебна објава во која истакнува какви работи се додавале и се случувале во годините на развојот на сервисот. 

Објавата можете да ја погледнете тука.

Претходна статијаGemini јазичниот модел сега може да функционира и локално на роботите
Следна статијаSamsung го претстави Smart Monitor M9 со QD-OLED дисплеј управуван од вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.