На сите нови, но и на веќе објавените твитови, Twitter ќе почне да става ознаки и предупредувања доколку тие се со неточна, лажна или спорна содржина. Корисниците ќе можат да притиснат на ознаката по што ќе бидат однесени до веб страни од Twitter или други извори кои имаат официјални и проверени информации.

Два вида на ознаки ќе имаат твитовите, односно една ознака која ќе стои под самата објава и ќе води до проверените веб страни, а за тие кои имаат содржина која се смета дека може да направи и штета, ќе стои предупредување кое ќе треба да се притисне за да воопшто може да се видите твитот.

Од Twitter исто така истакнуваат на каков начин ќе се справуваат со објавите зависно од нивниот вид, па така, лажните објави ќе бидат означени, по што ќе бидат тргнати, додека спорните објави ќе бидат означени, по што ќе им се стави предупредување. Непроверените информации ќе бидат оставани со оглед на тоа што за нив не се знае дали се точни или не.

ИЗВОРTwitter
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕрик Шмит целосно се тргна од Google и компанијата мајка Alphabet
Следна статијаОвој викенд НЕОТЕЛ и Гоблин го организираат првиот онлајн турнир во друштвени игри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.