Видео – „Вистината за 5G“ објаснета од познатиот Маркез Браунли (MKBHD)

Видеото од AsapSCIENCE се обидува преку факти да објасни каква технологија е 5G и дали луѓето има потреба да се грижат и да веруваат во сите сега многу актуелни теории на завера

Видеа на оваа тема веќе има многу, а посебно поради тоа што теоретичарите на завера се посебно активирани против 5G технологијата овој период поврзувајќи ја со COVID-19 заболувањето.

Докази за ова нема никакви, но како и секогаш теориите на завера не им се потребни многу, па тука се само верувањата пренесени од луѓе кои тврдат дека навистина знаат се и баш тие успеал да ја дознаат вистина која се крие од останатите.

Иако има повеќе видеа, Маркез Браунли е еден од најпознатите „тек видео блогери“ во светот, па можеби тој ќе успее да допре подобро до луѓето и да им објасни за што се работи, а за што не се работи.

Видеото е на почетокот од оваа статија.

ИЗВОРAsapSCIENICE
Претходна статијаFacebook ја купи познатата платформа GIPHY
Следна статијаЕУ директива за чисти возила
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.