На три недели до Unpacked настанот од Samsung кој овој пат ќе се одржи само онлајн, директорот на компанијата, односно на делот за мобилна комуникација, ТМ Рох, најави дека ќе бидат претставени пет моќни уреди.

Веќе знаеме дека главниот уред на настанот ќе биде Note20, но тоа што не го знаеме е колку верзии ќе има овој телефон, како и кои ќе бидат останатите уреди кои ќе бидат претставени. Како и секогаш, тука се неофицијалните информации, па многу малку останува на изненадување.

Иако веќе неколку пати најавуваме претставување на три верзии од Note20, како што е случајот со S20 серијата, сепак можно е претставување на две верзии, исто како минатата година. Како и да е, во игра се Note20, Note20+ и Note20 Ultra, па ќе видиме кои од овие ќе бидат официјално претставени.

Нареден уред којшто се очекува да биде претставен е втората генерација од Galaxy Fold која според информациите треба да биде наречена Galaxy Z Fold2. Од овој уред се очекува да овозможи подобро искуство кога се користи како мобилен телефон, односно да има поголем екран и помали рамки.

Како што истакна и ТМ Рох во неговата објава, покрај мобилни, може да се очекуваат и уреди за носење на раката и во увото. Достапни се неофицијални информации и за тие уреди, па ги очекуваме и Galaxy Watch 3, како и новите безжични слушалки со нестандардна форма Galaxy Buds Live.

Според неофицијалните информации, последниот уред во листата од пет најверојатно ќе биде таблет компјутер, односно Galaxy Tab S7. Овој вид на уреди се можеби со најмала популарност, барем на нашиот пазар, па верувам дека корисниците најмногу ќе ги интересираат другите кои ќе бидат дел од настанот.

„На овој летен Galaxy Unpacked, ќе претставиме пет нови моќни уреди. Овие уреди ја продолжуваат нашата визија да бидеме иноватори на нови мобилни искуства кои се вклопуваат беспрекорно и континуирано каде и да одиме. Тие ја комбинираат моќта со беспрекорна функционалност, без разлика дали работите или играте, дома или надвор. Во Наредната Нормала, вие ќе бидете помоќни да го живеете животот во потполност со овие уреди во вашата рака (и во вашите уши и на вашиот зглоб).“ – истакна Рох.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаНов поглед на изгледот на Galaxy Z Fold2 ни дава нешто подобра претстава што може да очекуваме
Следна статијаWindows 10 може ќе има по една нова верзија годишно по пуштањето на Windows 10X идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.