Shutterstock.com

По двете верзија на Galaxy Watch Active, Samsung повторно се очекува да претстави верзија од својот паметен часовник која е повеќе наменета како стилски, наместо спортски додаток. Galaxy Watch 3 е часовникот кој се очекува да биде претставен во блиска иднина, а еве ги и првите слики и најава за тоа како ќе изгледа овој часовник.

Сликите доаѓаат од веб страна на тело за сертифицирање на уреди во Јужна Кореа, а тие откриваат две информации за изгледот на Galaxy Watch 3. Пред се, се забележува дека двете копчиња на десната страна од часовникот ќе бидат повеќе истакнати и ќе направат да тој изгледа многу повеќе како класичен часовник, нешто што со кружната форма веќе го има.

Исто така, од сликите може да се забележи дека Samsung изгледа ќе ја задржи кружната рамка која се врти за контрола на екранот, нешто што кај Active моделите не е случајот, а корисниците имаат доста реакции на таа одлука.

Според другите неофицијални информации, Galaxy Watch 3 треба да дојде со нешто помали димензии и во две големини за избор, исто како првиот модел, а и како што можете да забележите, ќе ја носи бројката 3 или немаше Galaxy Watch 2.

Двете големини на екраните треба да бидат 1,2 и 1,4 инчи, односно големината на целиот уред да биде 41 и 45 милиметри. Се очекува материјалот да може да се избере помеѓу нерѓосувачки челик и титаниум.

Тоа што е интересно, а се најавува веќе одреден период е дека овој паметен часовник ќе дојде со можност за мерење на притисокот на корисникот, како и со ЕКГ можност, но не е познато дали истите ќе бидат достапни во сите земји, а истото се договара од земја во земја.

Неофицијалните слики ги има откриено страната mysmartprice.com и истите можете да ги погледнете во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаИТ компанијата – Интертек со нова и модерна канцеларија за своите вработени
Следна статијаFacebook ќе овозможи исклучување на политичките реклами на своите мрежи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.