По одличните Galaxy Buds и Galaxy Buds+, Samsung заедно со Note20 уредите, ќе претстави и нови безжични слушалки, различни од тие кои досега ги нудеше. Од тоа што досега можевме да го видиме, Samsung Galaxy Buds Live, како што се верува дека ќе биде името, ќе дојдат со целосно различен изглед, но и додатна функција која според доста, недостасуваше во претходните модели од компанијата.

Главната разлика кај новите Galaxy Buds е што нема да бидат класични слушалки, па така тие нема да имаат истакнат дел којшто треба да влезе во ушниот канал, како што функционираат сите слушалки наменети за носење во увото. Наместо тоа, Galaxy Buds Live ќе дојдат во форма која треба да го пополни влезот на увото, па веќе ги нарекуваат дека личат на зрно од грав, а тоа укажува и на новата функција која со новите информации се потврдува.

Galaxy Buds Live ќе дојдат со функцијата за активно придушување на бучава, а тоа може да се види од краткото видео до кое има дојдено познатиот „WalkingCat“ кое завршува со изјавата „Држете ја вревата надвор. Пуштете го звукот внатре“.

Од видеото се гледаат и трите бои кои ќе бидат достапни, а покрај бела и црна кои се очекуваа, тука е и новата боја која најверојатно ќе биде достапна и кај Galaxy Note20, односно можеби само кај Ultra моделот.

Сликата во продолжение, исто така благодарение на WalkingCat, покажува како ќе бидат наместени слушалките во увото, а со оглед дека ќе нудат придушување на бучавата, ова е одлична форма да спречи нешто да „помине“ од страните.

Слушалките, односно Galaxy Buds Live, треба да бидат претставени со Galaxy Note20 телефоните, а настанот на којшто дефинитивно треба да ги видиме е закажан за 5-ти август.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаЈавниот Правобранител на САД обвини повеќе американски компании за соработка со Кина
Следна статијаНов поглед на изгледот на Galaxy Z Fold2 ни дава нешто подобра претстава што може да очекуваме
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.