Со претставувањето на Galaxy Note20 и уште неколку други уреди кои се очекуваат за 5-ти август, се очекува Samsung да претстави и нови безжични слушалки. Иако се веруваше дека тие ќе бидат само некоја понова верзија од годинешните Galaxy Buds+, информациите укажуваат на тоа дека може да видиме целосно нови слушалки.

Galaxy Buds Live е неофицијалното име кое се истакнува и овие слушалки нема да ја имаат стандардната форма која се очекува од еден ваков производ. Со форма како „гравче“, Galaxy Buds Live ќе се поставуваат на отворот од увото, целосно покривајќи го и нема да има дел кој влегува во ушниот канал.

Со тоа се истакнува една од функциите кои овие слушалки би требало да ги имаат, а не беше дел од другите Buds слушалки, а тоа е филтрирањето на врева од околината. На оваа можност укажуваат и двата микрофони кои се поставени на надворешната страна, барем како што се гледа од неофицијални слики.

Од сликите покрај слушалките, може да се види и кутијата која се користи и како полнач. Очекувано, поради различната форма на слушалките и внатрешноста на кутијата е нешто поразлична.

Бојата на слушалките исто така асоцира на големата веројатност дека тие се вистински и ќе бидат претставени заедно со Galaxy Note20 телефоните, а може ќе се вклучуваат бесплатно на почетокот како што беше случајот со S20 серијата и Galaxy Buds+ слушалките.

Бронзената боја можевме да ја видиме и на сликите од Note20 Ultra, кои наводно Samsung по грешка ги објави на една од нивните страни, па потоа ги тргна.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаНајавен новиот H.266/VCC „кодек“ кој ќе ја намали големината на датотеките со ист квалитет за половина
Следна статијаКаде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.