На неколку недели од официјалниот настан на кој Samsung ќе ја претстави новата Note20 серија составена од 3 телефони, на кој се очекува и претставување на други уреди, меѓу кои и Galaxy Fold 2, имаме нова слика од која можеме да „извлечеме“ неколку заклучоци.

Прво што се гледа, а веќе можевме еднаш да го прочитаме од достапните неофицијални информации кои цело време излегуваат, е името на уредот. Наместо Galaxy Fold 2, уредите кои имаат екран кој се превиткува, Samsung изгледа ќе ги стави под Galaxy Z брендот, како што е Galaxy Z Flip, одличниот телефон кој се преклопува во помал уред лесно пренослив во џебот.

Според овие информации, а и новата слика, Galax Fold 2 ќе биде наречен Galaxy Z Fold2, а искуството покажало дека кога некоја информација повеќе пати ќе се појави, обично се покажува како точна. Кога на ова ќе се додаде дека новата слика личи на промотивна слика од Samsung, веројатноста за нејзината точност се зголемува.

Друго што можеме да забележиме од сликата е дека Galaxy Z Fold2 ќе дојде со сега веќе стандардниот и популарен модул за камера на задната страна. Од тоа може да се добие и претстава какви камери да се очекуваат, а неофицијалните информации говорат дека тие ќе бидат камерите кои ги има во Galaxy S20+ моделот, со главна камера со 64 мегапиксели.

Иако може да се види екранот на уредот до некаде, сепак сликата не е доволно квалитетна, а и уредот не е поставен за да можеме да го видиме како би изгледал кога е затворен. Тоа е главниот дел кај кој се очекува некакво подобрување, поради тоа што Galaxy Fold има мал 4,6 инчен екран со огромни рамки, па се гледа дека уредот е замислен да се користи во главно во таблет формат, односно отворен.

Unpacked настанот ќе се одржи на 5-ти август, среда, со почеток од 16:00 часот по македонско време, па ќе видиме што се ќе биде претставено.

Инаку сликата ја објави Ice universe преку неговиот Twitter профил, а во продолжение е неговата објава.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНови слики и видео од Galaxy Buds Live го покажуваат изгледот, но и нова функција кај безжичните слушалки од Samsung
Следна статијаSamsung потврди дека ќе претстави пет нови уреди на нивниот Unpacked настан на 5-ти август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.