Многу надежи беа ставени на првиот смартфон со еластичен екран кој се превиткува од Samsung минатата година, меѓутоа Galaxy Fold, иако сепак одличен уред, не беше баш доволно развиен за да може да се очекува масовна популарност. Тоа се гледа и од планираниот број на произведени уреди од страна на Samsung, како и од продажбите.

Сепак, голема улога имаа и проблемите кои се јавија со заштитата на екранот поради што продажбата се одложи околу 5 месеци.

За втората генерација на Galaxy Fold веќе се достапни повеќе неофицијални информации, а овој телефон се очекува да биде претставен заедно со Galaxy Note20 овој август, а има најави и за порано претставување во јули.

Веќе познатите и одлични „TechConfigurations“ направија видео анимација од можниот Galaxy Fold 2 врз основа на сите досегашни достапни неофицијални информации. Во видеото овој уред изгледа одлично, а доколку финалниот уред навистина биде ваков, Samsung може да очекува многу повеќе продажби.

Од видеото може да се види дека Samsung ќе ја промени една од поголемите „негативности“ на првиот модел, а тоа е екранот кој треба да се користи во режим на мобилен телефон. Исто како минатиот модел, Samsung повторно се реши за концепт на затворање на уредот како книга, поради што е потребен дополнителен екран.

Кај Fold 2 се најавува екран со големина од 6,6 инчи, што овозможува овој уред слободно да се користи како мобилен телефон, за разлика од ланскиот кој имаше 4,6 инчи и реално овој екран се што овозможуваше е брзо проверување на одредени работи, а главната работа беше наменета повеќе за во режим на таблет компјутер.

Кога ќе се отвори Fold 2 повторно има зголемување на екранот, па сега во талбет режим овој уред ќе има екран со големина од 8 инчи, за разлика од ланските 7,3.

Додатно, од видеото може да се види дека на страната каде што се рамките Samsung ќе постави уште еден екран, мал и на должината од страната, екран на којшто ќе се прикажуваат известувањата и слични информации.

До овој екран, односно во продолжение ќе биде модулот за камерите кои ќе се врти и со тоа веќе нема да има потреба од исечок на горната страна од екранот како кај ланскиот модел.

Видеото е во продолжение, па веруваме дека ќе се сложите дека се работи за одличен концепт кој се надеваме дека ќе испадне вистински.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаFirefox Private Relay ја штити вашата имејл адреса со генерирање на нова за една употреба
Следна статијаВиртуелна и Проширената реалност отвораат нов свет на можности
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.