5-ти август веќе одреден период го сметаме како денот кога Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан на кого ќе ја претстави новата генерација од Note серијата, односно Note20. Од компанијата денес официјално го закажаа настанот и со тоа ја потврдија досега неофицијалната дата.

Samsung Galaxy Unpacked 2020 ќе се одржи на 5-ти август со почеток во 16:00 часот по македонско време. Ќе може да се гледа во живо, како и секогаш, а оваа година тоа ќе биде и единствената можност, односно настанот ќе биде само онлајн, од познати причини.

Се очекува претставување на три различни Note20 модели, односно Galaxy Note20, Galaxy Note20+ и Galaxy Note20 Ultra, односно исто како што е случајот со S20 серијата.

Покрај тоа, на овој настан се очекува дека Samsung ќе ја претстави и втората генерација од Galaxy Fold уредот, кој според нови информации може да биде наречен Galaxy Z Fold 2.

На настанот може да се очекува претставување и на Galaxy Watch 3, а има очекување дека може ќе го видиме и Galaxy Z Flip 2.

По случајното пуштање на слики од Galaxy Note20 минатата недела, од поканата за настанот можеме да видиме дека серијата ќе има нова боја која најверојатно ќе биде наречена „мистично бронзена“.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП: Бидете подготвени за возење на високи температури
Следна статија„Дознај. Примени. Успеј.“: Македонски Телеком организира серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.