Microsoft ја нема потврдено оваа информација, па може и да не испадне точна, но сепак нас ни изгледа многу логична, со оглед на тоа какви се надградбите на Windows 10 овие две години. Поточно, оперативниот систем од компанијата добива две поголеми надградби годишно, односно надградби кои не се само за исправка на грешки и подобрување на безбедноста.

Овие две надградби годишно минатата и оваа година, иако останаа, сепак во есен, односно втората за годината, донесува многу малку новини, скоро воопшто, па надградбата лани дури беше инсталирана како обична месечна надградба, а не како поголема. Истите најави се и за оваа година, што значи дека за поголеми новини ќе ја чекаме идната година.

Според информациите, наредната поголема надградба на Windows 10, после помалата оваа есен, ќе биде дури идната есен. Тоа ќе биде така поради плановите во пролет да биде официјално пуштена првата верзија од Windows 10X.

Со ова ќе се промени распоредот на надградбите, па така на пролет надградба ќе добие Windows 10X, а потоа во есен Windows 10.

Сепак има доста време за да може да се заклучи дали ова ќе биде случајот, а дел од причините за одлуката се истакнуваат и во можноста на програмерите да работат на двата системи посебно во одреден дел од годината.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаSamsung потврди дека ќе претстави пет нови уреди на нивниот Unpacked настан на 5-ти август
Следна статијаОткриена слабост кај брзите полначи кои можат да бидат хакирани да го прегреат или дури запалат мобилниот уред кој се полни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.