Некои можеби и заборавија на Fan Edition верзијата од Galaxy S серијата, додека други сигурно мислат дека Samsung ја имаат откажано. Најнови информации сепак тврдат дека тоа не е случајот, па идната година може да се очекува оваа комбинирана и поевтина верзија, односно Galaxy S22 FE.

Тоа што ја прави оваа информација уште поинтересна е што се тврди дека Galaxy S22 FE ќе работи на наредната генерација од наводно откажаниот Exynos чип, поточно Exynos 2300.

Овој чип требаше да биде дел од Galaxy S23 серијата во Европа и уште неколку земји, но според информациите, Samsung ќе почне да го користи Snapdragon 8 Gen 2 во целиот свет. Причината за ова е позната, а во главно е поврзана со критиките за послаби перформанси и поголемо загревање на европските модели кои работат на Exynos.

Според еден извор, Samsung веќе не планира да го користи Exynos чипот, а делот во компанијата каде се дизајнираат и прават мобилните, наводно ќе развива сопствен чип за во иднина.

Двете информации може да се точни, односно Samsung можеби навистина ќе развива нов сопствен чип, додека Exynos веќе нема да се користи кај Galaxy S серијата, но ќе го гледаме кај другите, односно поевтините модели.

Дополнително, се верува дека Galaxy S22 FE ќе биде претставен како замена за Galaxy A7* серијата, а овие модели треба да имаат слична цена.

Galaxy S23 серијата треба да биде претставена на 1 февруари идната година, а се очекува посебен Unpacked настан за претставувањето на Galaxy S22 FE моделот, па ќе видиме за некој месец што ќе се случува.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаМакедонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International
Следна статијаРСБСП со апел да не се управува возило под дејство на алкохол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.