После скоро 100% потврда од страна на Qualcomm дека Galaxy S23 серијата ќе дојде со Snapdragon чип во целиот свет, сега корисниците можат да очекуваат уште една добра вест на тој план.

Според познатиот Ice universe, Galaxy S23 ќе дојде со посебна верзија од Snapdragon 8 Gen 2, која нема да им биде достапна на другите производители, односно со други зборови ќе биде ексклузивно достапна само на телефоните од Samsung.

Главното јадро кај Snapdragon 8 Gen 2 ќе работи на фреквенција од 3,2GHz, додека тоа кај Galaxy S23 ќе биде 3.36Ghz. Подобрување ќе има и кај графичкиот процесор, па тој наместо на фреквенција од 680MHz, ќе работи на 719MHz.

Дали се работи за само подобрена верзија од Snapdragon 8 Gen 2 или тој чип ќе има и посебна верзија и ознака, не е познато.

Доколку овие информации се покажат како точни, телефоните од Samsung ќе имаат уште поголемо подобрување на перформансите во споредба со ланската генерација од чипот, а за корисниците од Европа, ова ќе биде неспоредлива разлика.

На крајот, повторно главната новина за корисниците кои ќе го купат Galaxy S23 во Европа, односно во нашата земја, ќе биде користењето на чипот од Qualcomm, со што разликата во перформансите во споредба со ланскиот Exynos ќе биде уште поголема.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаQualcomm претстави нов процесор кој ќе треба да ја подобри понудата на Windows компјутери на ARM
Следна статијаЕлон Маск почна да ги враќа некои од суспендираните Twitter сметки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.