Фото: Shutterstock.com

Нешто што се очекуваше да се случи можеби и порано, почна на крајот од минатата недела. Елон Маск започна со тргање на суспензиите од неколку Twitter сметки и тие се повторно достапни на мрежата слободно да објавуваат.

Ова оди во правец на најавите дека ќе дојде до промени на начинот на којшто се модерира содржината на мрежата, а најголемите очекувања се дека ќе престане насочувањето на јавноста како треба да размислува на одредени теми.

На пример, вратени се сметките на Џордан Питерсон и The Babylon Bee, кои беа суспендирани поради одбивањето да се користи „точниот“ пол на транс луѓето. Дали е ова нешто поради што треба една сметка да биде целосно суспендирана, треба секој да размисли.

Вратена беше и сметката на комедијантката Кети Грифин, која неоправдано беше суспендирана кога се обиде да покаже дека новиот систем на добивање син беџ ќе донесе до голема забуна кај корисниците. Таа си го промени своето име во Елон Маск, по што беше суспендирана.

Уште една сметка беше вратена назад после неколку години и по објава на анкета дали истата треба да биде вратена. Тоа е сметката на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, но тој не планира да почне повторно да почне да ја користи оваа мрежа, сега има своја.

Дали директно поради враќањето на Доналд Трамп или тоа е само дел од причините, но својата сметка си ја избриша Фил Шилер од Apple, кој е познат по настаните на компанијата и работи на App Store.

Претходна статијаGalaxy S23 можно е да користи посебна верзија од Snapdragon 8 Gen 2
Следна статијаКога жените решаваат криминалистички случаи: Карен Пири (Karen Pirie) и Искупување (Redemption)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.