Веќе можевме да прочитаме дека Samsung го планира претставувањето на Galaxy S23 серијата на почетокот од февруари, односно како што тоа го направи оваа година со Galaxy S22 серијата.

Сега доаѓа „потврда“ од двајца познати „протекувачи“ на информации, дека Unpacked настанот ќе се одржи на 1 февруари, односно скоро 10 дена порано од оваа година.

Настанот повторно ќе се одржи во Сан Франциско, а во продажба треба да стане достапен веќе истиот месец по претставувањето.

Веруваме дека оваа информација е точна, па не останува уште многу чекање до претставувањето на една од поважните верзии од телефоните од Samsung.

Една од главните информации кои се чекаат, а ќе бидат потврдени на самиот настан, е користењето на Snapdragon 8 Gen 2 чипот во сите верзии од телефоните. Досега, како што знаете, во Европа Samsung го користи Exynos чипот кој не поминува баш најдобро кај корисниците и тестовите изминатите години.

Ова е голема промена која ќе ја подобри позицијата на Galaxy S23 во споредба со конкурентите.

Телефоните не се очекува дека ќе добијат некој посебен редизајн, тоа сепак ќе се случи со наредната генерација, но секако ќе има мали промени кои ќе го освежат изгледот. Една таква промена е тргањето на „основата“ на која се поставени камерите на задната страна, па тие ќе стојат посебно како што е случајот кај Galaxy S22.

Претходна статијаЕУ подготвува нов закон кој ќе ги регулира батериите кај производите
Следна статијаПразнична филмска магија за совршен крај на годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.