Претставувањето на Galaxy S23 серијата е можеби едно од најголемите очекувања кај корисниците кога се во прашање мобилните телефони. Како и секоја година, Samsung својата Galaxy S серијата ја претставува во февруари, а оваа година тоа беше на 9ти.

Според неофицијалните информации, идната година Unpacked настанот може да се очекува и нешто порано, односно веќе во првата недела од месецот. Настанот треба да се одржи во Сан Франциско и да биде со физичко присуство, со оглед на тоа што може слободно да се каже дека корона кризата е завршена.

Очекувањата на корисниците за Galaxy S23 се големи, меѓу другото и поради најавите дека од компанијата веќе нема да го користат својот Exynos чип во европските модели, па и ние во Македонија идната година ќе можеме да купиме Samsung телефон од највисоката класа со новиот Snapdragon 8 Gen 2.

Оваа промена треба да донесе доста големи подобрувања во перформансите на телефоните, а корисниците тоа сигурно ќе можат да го забележат и од обичното користење.

Друго што се очекува како новина кај Galaxy S23 серијата е подобрување на камерите, како и секоја година, а Galaxy S23 Ultra треба да дојде и со посебен сензор со 200 мегапиксели.

Сензорот за отпечатоци на прстите, кој веќе неколку години е сместен под екранот, идната година може да се очекува дека ќе биде уште поголем, побрз и повеќе прецизен. Ова е нешто што корисниците исто така треба да го забележат, иако и годинешната верзија е доволно унапредена за разлика од претходните.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаMeta повторно казнети од ирското регулаторно тело за заштита на податоци
Следна статијаЕлон Маск најави објава на датотеки поврзани со задушувањето на слободата на говор на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.