Познатиот Ice universe, овој пат преку кинеската мрежата Weibo, објави три слики за кои тврди дека се сликани со Galaxy S23 Ultra, Galaxy S22 Ultra и Pixel 7 Pro. Сликите се од тиква која е сликана од близина и од нив може да се видат деталите, контрастот, острината и боите на трите различни телефони.

Иако не можеме да сме сигурни дали сликите се навистина направени со телефоните за кои се тврди, но ако претпоставиме дека тоа е така, можеме да очекуваме доста големо подобрување на камерата кај Galaxy S23 Ultra идната година.

Од сликите може да се види нешто што и сега е познато, а тоа е дека Samsung вади нешто „позаситени“ слики, односно слики со повеќе боја. За разлика од нив, Google Pixel уредите имаат нешто побледи слики, барем во споредба.

Главната разлика од трите слики се гледа во деталите кај првата, односно таа што наводно треба да е сликана со Galaxy S23 Ultra. Сликата има доста повеќе детали, вади подобра острина, а тоа може да се види добро на оригиналната објава на Weibo.

Galaxy S23 серијата се очекува да биде претставена во февруари идната година, а една од поголемите новини кои се очекуваат е Samsung да почне да го вклучува Snapdragon чипот во сите модели во светот.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаVivo ќе ја претстави X90 серијата на 22 ноември
Следна статијаСкандинавскиот Viaplay доаѓа на Pickbox, предобра комбинација: Viaplay select и Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.