Фото: Shutterstock.com

Елон Маск во текот на вчерашниот ден објави преку Twitter дека планира да ги објави датотеките поврзани со задушувањето на слободата на говор на мрежата. Објавата иронично ќе биде на Twitter, се разбира, а Маск додаде дека јавноста има право да знае што навистина се има случувано.

На што се мисли кога се кажува изјавата задушување на слободата на говор, а посебно што според некои тоа што се има правено е правено со причина и е оправдано.

Најдобар пример за ова повторно е корона кризата, нешто што извади на површина што се случувало години наназад, а и продолжува да се случува.

На кратко, потребата од заштита од вирусот, како и потребата од вакцинација беа нешто што имаше скоро 100% поддршка кај луѓето на почетокот. Тоа почна да се менува со информациите дека вирусот не е толку „страшен“ како што се мислело на почеток, а вакцините не штитат од негово ширење.

Сепак, на властите им одговараше да продолжи стравот кај луѓето со цел што повеќе од нив да се вакцинираат.

Информациите кои кажуваа различни информации од тие кои им одговараа на едната страна, беа означени како лажни и ставени во иста категорија како тие кои тврдат дека земјата е рамна, на пример, иако се работи за целосно две различни категории.

Друштвените мрежи како Twitter си земаа за право да тргаат објави кои не се во рамките на нивните политики, што на крајот се сведува дека тие правеле цензура.

Елон Маск сега ќе ги објави датотеките кои треба да ја докажат оваа цензура, па ќе биде интересно да се види што се е правено.

Треба да се очекува зголемување на нападите кон него во периодот што следи на сметка на ова.

Инаку цензура не е правена само за корона кризата. Тука се многу политички информации кои се цензурирани, на мрежа која во основа требаше да ги ограничува само објавите кои повикуваат на насилство и слично, а не да станат арбитар за што е вистина, а што не.

Претходна статијаНајави за можно претставување на Galaxy S23 серијата во првата недела од февруари
Следна статијаRelaxifyApp – првата интерактивна апликација за подобрување на менталното здравје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.