Фото: Shutterstock.com

Од информациите кои досега можеа да се прочитаат, Galaxy S23 серијата од Samsung ќе биде доста популарна и барана од страна на корисниците. Од идната година Samsung треба да го користи Snapdragon 8 Gen 2 чипот во сите региони во светот, што значи дека веќе нема да се користи Exynos во Европа, а се најавуваат и дополнителни новини, како големо подобрување кај камерите и слично.

Една од тие новини кои се најавуваат е и користење на најновиот сензор за отпечатоци за прсти од Qualcomm, поточно 3D Sonic Max, кој веќе се користи кај некои од кинеските производители.

Samsung се првите кои почнаа да го користат подобриот и побезбеден ултразвучен сензор под екранот, наместо оптичкиот, а со годините овој сензор стана побрз, единствената негова маана.

Најновиот сензор од Qualcomm, донесува неколку новини кои би ја направиле Galaxy S23 серијата одлична за користење, а корисниците веќе не би требало да забележуваат дека мораат да го постават нивниот прст на екранот за да се отклучи телефонот.

Qualcomm 3D Sonic Max е доста попрецизен, а со тоа и побрз, а доаѓа и со многу поголема површина, односно 20 на 30 милиметри. Со ова, покрај тоа што корисниците нема да морат да бидат точно прецизни каде го поставуваат својот прст, може да се користат и два прсти за одредени функции при отклучувањето.

Со подобрувањето на брзината и прецизноста исто така се добива и доста побрз процес на регистрирање на прстите, па корисниците веќе нема да мора да го скенираат целиот прст со повеќекратно поставување на екранот.

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаLG најави „невидлив звучник“ – мал панел кој вибрира и ги претвора површините во автомобилот во звучници
Следна статијаMeta повторно казнети од ирското регулаторно тело за заштита на податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.