Фото: Shutterstock.com

Ирската Комисија за Заштита на Податоци ја казни Meta со нови 265 милиони евра, а со оваа казна ова регулаторно тело ја има казнето компанијата скоро 1 милијарда евра изминатите година и пол.

Оваа најнова казна се однесува на информациите за Facebook корисници кои беа собрани од мрежата и јавно објавени. За овој случај се дозна во април минатата година, а погодени беа повеќе од 500 милиони корисници на оваа позната друштвена мрежа.

Според информациите, податоците содржеле информации како телефонски броеви, родендени, имејл адреси, локации од корисници како актуелни судии, вработени во затвори, социјално работници, новинари и слично.

Овие податоци станаа достапни јавно за било кој да може да ги искористи, односно злоупотреби.

Одлуката за казна е донесена поради заклучокот дека Facebook мрежата не била хакирана, туку од компанијата не направиле доволно за ваквите податоци да не можат да бидат собирани.

Со други зборови, од ирското тело сметаат дека Meta се нема придржувано до GDPR обврската да заштитата на податоците биде стандардна и вградена во системот на мрежата.

Meta, а претходно Facebook, прилично често се казнувани од некое регулаторно тело. Корисниците оставаат доста податоци на оваа друштвена мрежа, а системот кој е направен за групирање на тие податоци во рекламни цели, не ретко се злоупотребува од трети страни.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung може ќе го користи најновиот сензор за отисоци од Qualcomm кај Galaxy S23 серијата
Следна статијаНајави за можно претставување на Galaxy S23 серијата во првата недела од февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.