Во текот на викендот беше откриена информацијата дека податоци за повеќе од 533 милиони корисници од Facebook биле пробиени и „протечени“ на интернет. Податоците ги вклучуваат повеќето лични податоци кои би сакале да останат приватни, односно телефонски броеви, имејл адреси, родендени и повеќе, доволно за да може да се направи проблем и на други сметки, посебно ако како корисник ја користите истата лозинка.

Вакво нешто не е нешто чудно и ново, а може да се каже дека се случува скоро секоја година, а посебно и во помала форма.

Тоа што е важно е што можете да дознаете дали вашата Facebook сметка е дел од протечените информации, па соодветно да се заштитите, односно да ја промените својата лозинка, а повторно би препорачале на сите сервиси каде може, да вклучите дво-факторска автентикација.

Најдобар начин за проверка дали вашата Facebook сметка е дел од најновиот случај е преку познатата страна Have I Been Pwned. Се што треба е да ја внесете вашата имејл адреса која ја користите за најава на Facebook и ќе можете да видите од листата дали Facebook е дел од неа.

Овој сервис е еден од најпознатите и доверливи за проверка на пробиени сметки, а покрај за најновиот случај со Facebook, преку сервисот ќе можете да видите дали сте дел од било кое друго пробивање.

Од сервисот најавуваат дека може да воведат и проверка според мобилен телефон. Некои други сервиси ја нудат оваа можност, но не се препорачува да се користат со оглед на тоа што не се познати и проверени како Have I Been Pwned.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЕкран кој лебди во воздух – минималистички дизајн на Samsung Neo QLED 8K телевизорот
Следна статијаФИТР: Рекордни 706 апликации за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.