До претставувањето на Galaxy S23 серијата, односно до Galaxy Unpacked настанот кој сите го чекаме, има уште два месеци. Иако шпекулациите ги има одамна, тие што излегуваат сега веќе може да се сметаат како доста поточни.

За изгледот на Galaxy S23 серијата можевме да прочитаме повеќе пати, а сега ги имаме и првите макети од телефоните кои во основа ги потврдуваат досегашните информации.

Се гледа дека телефоните нема да имаат некоја драстична разлика во изгледот, па промените ќе бидат помали, ќе донесат одреден освежување, но во основа поголема разлика може да се очекува кај Galaxy S24 серијата.

Главната разлика е кај модулот за камерите кај Galaxy S23 и S23+. Тргната ќе биде „основата“, па камерите ќе бидат поставен секоја посебно, како што е случајот со Galaxy S22 Ultra оваа година.

Поради ова, најмалку разлика ќе има во изгледот на Galaxy S23 Ultra, кој во главно ќе изгледа исто како годинешниот модел.

Повторно, Ultra моделот е тој којшто ќе има малку заоблен екран, додека другите два модели ќе дојдат со рамен екран.

Според информациите, претставувањето на Galaxy S23 треба да се случи во првата недела од февруари, а тоа е за околу десеттина денови порано од претставувањето на Galaxy S22.

Galaxy Unpacked настанот повторно ќе се одржи во Сан Франциско и конечно тој ќе биде со целосно физичко присуство.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаOpera прелистувачот на десктоп ќе се обиде да ги „исчисти“ старите видеа со мала резолуција
Следна статијаWomen In Tech Macedonia организира предновогодишна хуманитарна забава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.