Фото: Shutterstock.com

Парламентот и Советот на Европската Унија постигнаа договор за промена на закони кои ќе ги променат драстично правилата поврзани со батериите. Овие промени ќе го опфатат целиот процес, односно од производството на батериите, нивната замена, рециклирање и слично.

Уште сега се гледа дека доста од компаниите ќе имаат проблем со законите кои би биле донесени, а тие ќе се вмешаат директно во односот на компаниите со нивните добавувачи, компании за рециклирање, а уште поважно, во дизајнот на нивните производи.

Една од главните новини кои се предлагаат, а кои не засегаат нас корисниците, е барањето да корисничките уреди овозможат лесна замена на батериите. Ова во основа значи враќање на можноста да се замени батеријата кај мобилните уреди, како што тоа беше можно на почетокот од оваа технологија.

Корисниците и сега можат да ја заменат батеријата на својот уред, но тоа не можат да го направат сами. Замената се прави во сервисите за што често треба да се доплати одредена сума.

Покрај оваа промена, производителите ќе мора да почнат да мислат како ги произведуваат батериите и како се ослободуваат од нив. На пример, ќе се бара при производството на батериите да се користат рециклирани извори за материјалите со точни проценти. За кобалт ќе се бара 16%, олово 85%, литиум 6%, како и никел 6%.

Новите правила нема да ги погодат само производителите на смартфони и слични уреди, па тука се и компаниите од автомобилската индустрија каде веќе се користат одредени батерии, а со се почестото користење на електричните автомобили, тие ќе станат клучен дел од нив.

Компаниите би имале рок од неколку години по стапувањето во сила на промените, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите во периодот што следи.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаКористење на горива добиени од преработен отпад и цврсти горива од отпад во цементната индустрија
Следна статијаНеофицијално најавена датата на претставување на Galaxy S23 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.