Зарем постои некој кој може да остане имун на празничната магија која го обзема декември? Студени ноќи поминати во прегратка со најсаканите, голема шолја топло чоколадо, топла атмосфера проткаена со камин, елка и безброј сијалички спакувана во меко кебенце, топли пижами и дебели чорапи. Кога на ова ќе ги додадете и бројните неработни денови кои следат, слободното време кое ќе го имаме на претек и времето за сонување со отворени очи, го имаме рецептот за бајка. Она што исто така е неопходно, несомнено се новогодишните филмски класици.

Од згодите и незгодите на Кевин во Home Alone, па сè до урнебесниот Elf, емотивниот It’s a wonderful life, неповторливиот Love Actually и романтичниот The Holiday, бројот на неверојатни филмски остварувања е бескраен. Без разлика дали сте љубители на добра комедија, уживате во романтични љубовни приказни или едноставно сакате да се навраќате на филмските класици кои никогаш не може да здодеат, листата на филмски наслови е бескрајна. Она што ви е потребно е удобно катче во топлината на вашиот дом и квалитетен телевизор кој вистински ќе ја долови магијата на филмското платно и ќе ве соживее со вашите омилени ликови.

Што е потребно за феноменално домашно кино?

Домашното кино може да обезбеди уште подобра атмосфера од класичното кино, ако внимателно ги изберете компонентите и направите добар амбиент. Идејата е да имате што поголем екран, подобра слика и јасен звук кој ќе направи да се чувствувате небаре сте во центарот на акцијата.

Со уникатната Samsung Neo QLED технологија, серијата уреди од 2022 година носи бесконечно многу иновации и функции што го прават Neo QLED совршен уред за уживање во филмови и претворање на вашиот дом во домашно кино, но и за уживање во серии, играње на видео игри, работа од дома и многу други активности.

Технологијата Quantum Matrix ве носи во центарот на дејството доловувајќи ги и најситните детали. Уживајте во кинематографскиот квалитет на сликата со напредната технологија на Neural Quantum 8K -процесор кој користи вештачка интелигенција за да постигне повисоко ниво на контраст и токму затоа сѐ што гледате е кристално јасно. Дозволете си да ве обземе звук на цел еден оркестарот кој како да свири директно во вашата дневна соба со најновата технологија Dolby Atmos® и Q-symphony што го носи доживувањето на највисоко ниво. Покрај најсовремените технички способности, телевизорот Neo QLED 2022 има и дизајн Infinity One. Со црни рабови кои се спојуваат во екранот Infinity, Neo QLED зрачи со елеганција и едноставност.

За доживувањето да биде уште повпечатливо тука се неверојатните звучници Soundbar, кои се синхронизираат со Samsung телевизорот и заедно создаваат богат звук. Го комбинира и подобрува звукот преку предните, страничните и звучниците што го движат звукот нагоре, како и преку звучниците на телевизорот, овозможувајќи нова звучна димензија во која содржината ја доживуваш како никогаш претходно.

Нека вашиот дом биде место каде во добро друштво, ќе поминуваат нереални моменти и ќе гледате сцени од омилените филмови кои засекогаш ќе ги паметите.

Чувството на безгрижност, загарантирано

Уживајте во незаборавна ТВ забава – изберете еден од врвните Samsung телевизори од NEO QLED серијата и со 5 години гаранција уживајте во максимални перформанси. Промоцијата трае од 23.9. до 31.12.2022 година. За повеќе информации, список со сите модели вклучени во промоцијата и пријава за остварување 5 години гаранција, посетете ја: https://www.samsung.com/mk/offer/5yw-tv-promo-2022/.

Претходна статијаНеофицијално најавена датата на претставување на Galaxy S23 серијата
Следна статија„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите