Скоро сигурно е дека идната година Samsung нема да го користи својот Exynos чип во Galaxy S23 серијата, па наместо тоа, ќе го користи Snapdragon 8 Gen 2 во сите региони од светот.

Како што е познато, со години Samsung во САД и уште неколку земји, го користи чипот од Qualcomm, додека во Европа го користи нивниот Exynos чип.

Ова изминатите години не помина баш најдобро кај корисниците од Европа кои добиваа телефони со нешто послаби перформанси, кои се загреваат повеќе и слично, а ова е докажано во повеќе тестирања.

Според информации од The Elec, Samsung веќе нема да ги користи своите Exynos чипови во нивните телефони, но сепак од компанијата имаат нови планови.

Чиповите Exynos се дизајнирани и произведени од различен дел од компанијата од тој каде што се прават смартфоните и другите кориснички производи. Според информациите, секторот Mobile eExperience, каде се прават смартфоните, има креирано нов тим кој треба да работи на развој на нов чип.

Наводно директно било кажано дека задоволството од Exynos е на ниско ниво, па развојот на нов чип би било подобро.

Новиот тим ќе биде под водство на Вон-Џун Чои, извршен потпретседател на компанијата кој порано има работено во Qualcomm, што значи човек кој треба да знае што прави.

Другиот сектор, односно Samsung LSI ќе продолжи да работи на развој на чипови, но според информациите, тие ќе ги нудат само во автомобилската индустрија и слично.

Додека видиме некаков резултат од новиот тим во Samsung сигурно ќе поминат години. Првиот чип развиен во мобилниот сектор од компанијата можеме да го очекуваме во 2025, на пример.

Причините поради кои се верува дека Samsung не се откажува од користењето на сопствен чип се помалите трошоци, како и контрола на целиот процес на производство, нешто слично со тоа што го прави Apple.  

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаЕлон Маск ќе ја напушти директорската позиција согласно резултатите од анкетата која објави
Следна статијаШто значат новите ознаки во различни бои на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.