Многу компании минативе неколку години се обидоа да ја разнишаат доминацијата на Android и iOS – Microsoft со Windows Phone, Blackberry со својот еко систем, Samsung со Tizen и дури и Ubuntu. Сепак, тие не само што не успеаја, туку како никогаш досега, во 2016 година Android и iOS имаа апсолутна доминација на пазарот, која најверојатно ќе продолжи и оваа година.

Во бројки, во последното тримесечје од минатата година Microsoft успеа да продаде само 1,1 милион Windows 10 Mobile уреди, што е четири пати помалку од истиот период 2015 година, додека Blackberry имаше незначително учество на својот Blackberry OS оперативен систем од само 208.000 продадени смартфони.

Од друга страна, iOS беше присутен со 77 милиони iPhone-и, за влакно пред Samsung кој продаде 76,8 милиони смартфони. Причината за падот на Samsung во последното тримесечје е секако повлекувањето од пазарот на Note 7 и може да се очекува веќе од второто тримесечје на 2017 година тие да се вратат на прво место, поточно по лансирањето на Galaxy S8.

Најмногу минатата година сепак профитираа кинеските производители, кои имаа голем раст на продажбата. На пример, Huawei продал 28 милиони смартфони повеќе во од 2016 година во однос на 2015 година, додека пак Oppo порасна за цели 45 милиони смартфони, односно од 40 милиони во 2015 на 85 милиони во 2016.

Целосно, пазарот на паметни телефони минатата година порасна за солидни 5%. Поточно, вкупно во 2016 година беа продадени 1,5 милијардни смартфони, споредено со 1,42 милиони во однос на минатата година. Оваа година пак не се очекува раст на вкупната продажба, иако ќе бидат претставени многу нови и интересни модели, како Galaxy S8, iPhone 8 и LG G6.

Извор: ARS Technica, The Verge, Fox Business

Претходна статијаMicrosoft ги одложи стандардните „закрпи“ за Windows за еден месец
Следна статијаЗапочнуваат подготовките за Саем на градежништво