Своевремено најголемиот производител на паметни телефони, денес се наоѓа во позиција целосно да го снема од пазарот. Имено, не вклучувајќи ги уредите со Android оперативниот систем, минатата година продадоа само 200.000 смартфони, што е учество на пазарот од само 0,0482% (вкупно продадени 432 милиони смартфони). Ова значи само една работа, а тоа е дека класичниот Blackberry смартфон е мртов и во иднина веќе нема да се развиваат нови смартфони на таа платформа.

Ова секако не ги вклучува нивните нови Android смартфони, но во глобалната слика на продадени телефони тие се вклучени во “Android” уредите. Исто така, на нив Blackberry веќе нема толку профит како на нивните уреди, бидејќи иако нуди посебни сервиси кои нудат одлична заштита на податоците на корисникот, тој е веќе научен да ги користи истите на Google.

Сепак, со 352,7 милиони продадени смартфони, Android апсолутно доминира на пазарот и доколку Blackberry лансира интересни модели годинава, може да се очекува нивното учество во Android секторот значително да се покачи. Производството и развојот на овие смартфони ќе го врши TCL, што е мала грутка во грлото на верните фанови, но овие смартфони ќе ги задржат хардверските тастатури, покрај дисплејот на допир, што е секако позитивна вест.

Падот на Blackberry на светскиот пазар е придружен и од падот на Windows 10 Mobile, платформа која веројатно ќе доживее „преродба“ во наредниве неколку години. Сепак, во моментов има само два еко системи на пазарот и тоа се Android и iOS.

Извор: Mashable, Extreme Tech, Business Insider

Претходна статијаSamsung ќе го потврди датумот кога ќе биде претставен Galaxy S8 на MWC
Следна статијаПротекоа цените за скоро сите AMD Ryzen процесори