Facebook минатата година ја претстави нивната долго време „шпекулирана“ криптовалута Lbra. Најавата беше голема и во организацијата која требаше да раководи со валутата беа вклучени големи имиња, а интересното беше и што Facebook не беше мнозински сопственик.

Сепак, планот за пуштање на валутата не помина како што се планираше, па иако пуштањето беше планирано за оваа година, во меѓувреме се појавија повеќе проблеми. Главните проблеми дојдоа од регулаторните тела и властите од неколку земји, а поради тоа неколку од поголемите имиња се откажаа од Libra организацијата, меѓу кои и PayPal, Visa, Mastercard и eBay.

Развојот на Libra останува, а продолжуваат и плановите на Facebook за нејзино пуштање. Од компанијата оваа недела информираа дека го менуваат името на дигиталниот паричник за Libra, па сега тој наместо Calibra, ќе се вика Novi.

Името Novi, истакнуваат од Facebook, е комбинација од латинските зборови „novus“, што значи нов и „via“, што значи пат, односно „нов пат“.

Novi ќе биде достапен како апликација, а со оглед на тоа што се работи за Facebook, на корисниците ќе им биде достапен и во апликациите од компанијата, како Messenger. Со Novi корисниците ќе може да испраќаат и да примаат пари, а сето тоа би било инстантно, што е и целта на една дигитална валута.

Libra, за разлика од некои слични валути, ќе биде врзана со вредноста на официјалните валути, а најавите се дека тоа може да биде и со повеќе валути. Тоа значи дека Libra ќе им точна вредност претворена во долари, фунти и евра.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаПочнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија
Следна статијаTwitter почна да ги означува „твитовите“ на Доналд Трамп кои се сметаат за неточни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.