Shutterstock.com

Twitter пред две недели објави дека ќе почне да ги означува твитовите кои содржат неточни или лажни информации. Ознаките ќе бидат во две форми, односно линк кој води до страна со други информации кои треба да ги побијат објавените, како и ознака предупредување која треба да се притисне за воопшто да може да се види твитот.

По долго време критики од страна на одредени групи, Twitter ќе почне да ги проверува и твитовите на Доналд Трамп, нешто што досега не го правеше. Доналд Трамп е познат по користењето на Twitter како начин на комуникација, а голем дел од неговите твитови привлекуваат посебно внимание.

За првпат Twitter означи два „твита“ од Трамп со линк кој води до статии кои треба да го „побијат“ тврдењето. Ова секако предизвика критики од негова страна и од неговите поддржувачи, а се смета и како интересно што од Twitter на овој чекор се одлучуваат во изборна година. Зависно од која страна се наоѓа тој што коментира, оваа одлука е да се намали влијанието на Трамп пред изборите кон крајот на годината, односно конечно реагирање на огромниот број на погрешни и лажни објави од претседателот.

Објавата која е означена како погрешна е поврзана со тврдењето на Доналд Трамп дека ако се гласа преку пошта, како што се планира во одредени сојузни држави во САД, изборите би биле наместени, односно ќе се отвори простор за големи злоупотреби на гласачкото ливче.

Одговор преку Twitter за одлуката на мрежата секако има Трамп, а еве ја неговата објава.

ИЗВОРVox/Recode
Претходна статијаFacebook го промени името на дигиталниот паричник за криптовалутата Libra
Следна статијаНајновата верзија од Skype донесува неколку новини за групни видео повици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.