Во знак на протест, минатата недела познатиот Нил Јанг, на кого подоцна се приклучија и Џони Мичел и Нилс Лофгрен, побара да му биде тргната музиката од познатиот музички сервис Spotify.

Причината за ова се две епизоди од познатиот поткаст на Џо Роган, The Rogan Experience, во кои тој разговара со два познати доктори на тема COVID-19. Како што е стандардно овие години, се што не е 100% во правец на официјалните ставови веднаш се сместува во категоријата на дезинформација и антиваксерство, па Нил Јанг не сака да биде достапен на сервис кој овозможува вакви работи.

Џо Роган преку видео на Instagram излезе со коментар за случувањата и може да се каже дека дава одлично објаснување, а посебно кога ќе се спореди со тие кои се научија да обвинуваат и да повикуваат на казни и „откажувања“.

Роган видеото го започнува со две поенти, дека двата доктори кои ги има покането се едни од најпознатите во своите области, што значи не разговарал со луѓе кои можат да кажат било што без да тоа има некаква тежина.

Втората поента е дека многу работи кои до пред година и нешто се сметале за дезинформации, сега се сметаат за факти, како на пример фактот дека и вакцинираните го шират вирусот и дека платнените маски не нудат никаква заштита, како за тој што ја носи, така и за тие околу него.  

Тој посебно истакнува дека не знае дали тоа што неговите гости го кажуваат е точно, тој не е доктор и е човек кој разговара со нив.

Целото видео можете да го погледнете во продолжение.

Spotify поради овие случувања реши да на секоја содржина која е поврзана со COVID-19 додаде посебна лента со која ја означува таа содржина, со линк до посебен дел каде имаат објавено посебно од нивна страна проверени информации.

Тие исто така ги објавија своите правила за содржината која е поставена на нивниот сервис и истакнуваат дека тие не се прекршени од страна на Џо Роган.

Претходна статијаБезбедниот шопинг, забава и уживање, главен фокус на Ист Гејт Мол
Следна статијаИндиската влада ги разгледува можностите за развој на нов оперативен систем за мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.